Мерц по изборната победа бара брзи коалициски преговори за нова влада

Од:

Лидерот на германската конзервативна опозиција, Фридрих Мерц, чиј централно-десничарски блок победи на изборите во неделата, изјави дека е неопходно што поскоро да се формира нова влада преку брзи коалициски преговори, јави ДПА.

Мерц е речиси сигурен иден канцелар на Германија, откако неговите демохристијани (ЦДУ) и нивната баварска сестринска партија, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), освоија 28,5 отсто од гласовите. Очекувањата се дека ќе формира владина коалиција со Социјалдемократската партија (СПД) на актуелниот канцелар Олаф Шолц, која на изборите падна на третото место со 16,4 проценти поддршка.

– Прашањата што стојат пред нас се итни, не можеме да си дозволиме одложувања, затоа е важно што побрзо да влеземе во преговори, изјави денеска Мерц во Берлин.

Тој постави цел коалицискиот договор да биде финализиран до Велигден, но нагласи дека мора брзо да се постигне согласност за три клучни области: одбранбената политика и трошоците, миграцијата и економските мерки за заживување на економијата.

– Светот се менува драматично секој ден, рече Мерц, додавајќи дека економската ситуација во Германија е „критична“ и дека се потребни брзи одлуки за да се овозможи закрепнување до крајот на годината.

Претходно во текот на денот, Мерц се сретна со канцеларот Шолц во неговата канцеларија за почетни разговори за транзицијата пред формирањето на новата влада. Се верува дека на состанокот била разгледана можноста за брзо воспоставување посебен фонд за одбранбени трошоци, што би ги заобиколил строгите германски буџетски правила.

СПД го доживеа својот најлош изборен резултат досега, па се очекува да стане помал партнер во идната влада на Мерц. Шолц претходно изјави дека нема да учествува во коалициските преговори и дека ќе остане на функцијата до формирањето на новата влада. По тоа, планира да се повлече од партиското раководство, но да остане пратеник во Бундестагот.

Во понеделникот, ко-лидерот на СПД, Ларс Клингбајл, веќе одржа првични разговори со Мерц. Лидерот на ЦДУ претходно јасно стави до знаење дека очекува од Шолц и неговата влада да не носат долгорочни одлуки без негово учество.

– Ова се однесува и на кадровските прашања, потенцираше Мерц.

Би можело да ве интересира

Русија се соочува со воен, економски и стратешки неуспех, порача Макрон пред средбата со Зеленски, Стармер и Мерц

Катерина Ѓуровски

Мерц ѝ порача на Србија: Мора да одлучите на која страна сакате да бидете

А1он

(ВИДЕО) Мицкоски се сретна со Макрон и Мерц: Исклучително сум задоволен

Катерина Ѓуровски

Љубопитни сме да дознаеме повеќе на претстојниот Самит во Тиват, вели премиерот за предлогот на Мерц

Катерина Ѓуровски

Муцунски и Мицкоски да се огласат по предлогот на Мерц, бара Левица

Катерина Ѓуровски

Украина би можела да стане придружена членка на ЕУ, а земјите од Западен Балкан набљудувачи

Катерина Ѓуровски