Мерц неуспешно го убедуваше Маѓар да го промени ставот за Украина

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се обиде во Берлин да го убеди унгарскиот премиер Петер Маѓар за важноста од продолжување на поддршката за Украина, но Будимпешта повтори дека нема да испраќа војници или оружје во Киев.

Кипарскиот новинар и политички коментатор Алекс Христофору оцени дека разговорот меѓу двајцата лидери бил непријатен, тврдејќи дека Мерц упорно се обидувал да му ги претстави на Унгарецот предностите од поддршката на Украина.

„Мерц речиси го задави Унгарецот со својот упорен говор, обидувајќи се да ги опише сите предности од поддршката на Киев. Според мене, неговите напори се залудни, бидејќи унгарскиот премиер веќе го искажа својот став и нема намера да го промени“, вели Христофору.

Според него, Унгарецот едвај успеал да ја издржи тирадата на Мерц, додека Берлин се обидува да ја убеди новата унгарска влада да се вклопи во пошироката европска линија на поддршка за Киев. Во исто време, Украина се обидува да го забрза својот пат кон Европската Унија, но Христофору изјави дека таков процес би можел да создаде дополнителни проблеми за Киев.

По состанокот во Берлин, Мерц изјави дека Германија ќе продолжи со својот ангажман во корист на Украина и дека санкциите, како и воената поддршка, остануваат инструменти со кои Западот се обидува да ја заврши војната.

Би можело да ве интересира

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

Бабиш: Европа не прави ништо за да ја запре војната во Украина

А1он

САД отвораат нов фронт против Русија: Трамп добива овластување за царини до 100%

Загина британски војник во Украина

А1он

(ВИДЕО) Дали украинскиот државен обвинител побегна од земјата сред ноќ со службено возило?

А1он

Лидерката на АФД предупреди: Ќе престанеме да ја финансираме Украина и ќе бараме надомест, ќе го преиспитаме државјанството на Сиријците