Мерц: Ќе направам сè гасоводот „Северен тек 2“ да не проработи

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека ќе направи сè што е во негова моќ за да се осигури дека Северен тек 2 нема да биде рестартиран, објави денес бриселскиот „Политико“.

Мерц изјави дека тоа ќе „ја ослабне воената машина на Москва и ќе го отвори патот за преговори“.

Порталот од Брисел потсетува дека Мерц неодамна, на заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Берлин, нагласил дека војната потоа би можела да заврши, „бидејќи војската во Русија нема да биде толку силна или добро финансирана од руската влада“.

Еден од двата гасоводи „Северен тек 2“ е сè уште во функција и покрај експлозијата во 2022 година.

Експлозијата во септември 2022 година, која го прекина снабдувањето со гас, сè уште е под истрага, иако извештаите ја поврзуваат експлозијата со украински граѓани.

Гасоводот „Северен тек“ долго време е извор на тензии меѓу Германија и Украина, при што украинските претставници тврдат дека купувањето евтин руски гас од страна на Германија го охрабрило рускиот претседател Владимир Путин и помогнало во финансирањето на воената машина на Москва.

Некои германски политичари, вклучувајќи ги и оние од конзервативната Христијанско-демократска унија на Мерц, вклучувајќи го и премиерот на Саксонија, Михаел Кречмер, инсистираа на рестартирање на гасоводот „Северен тек“ со цел да се подобрат дипломатските односи со Москва и да се намалат цените на енергијата во Германија во услови на економска стагнација, објави порталот со седиште во Брисел.

Газоводите „Северен тек“, кои претходно транспортираа гас од Русија до Германија преку цевководи под Балтичкото Море, беа дигнати во воздух во очигледен чин на саботажа кон крајот на 2022 година. Оттогаш, некои германски политичари го поддржаа рестартирањето на протокот на природен гас.

Владата на канцеларот Фридрих Мерц истражува законски опции, вклучително и построги мерки за проверка на инвестициите, за да спречи какви било идни обиди за рестартирање на гасоводот „Северен тек“ што ги поврзува Германија и Русија, објави во петокот „Фајненшл тајмс“ (FT).

Би можело да ве интересира

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Мерц: Нема да дозволиме AfD да ни ја уништи земјата

Мерц: „Светски поредок заснован на права и правила повеќе не постои“

Горан Наумовски

Мерц: Кина се проби во редовите на големите сили, водство на САД е доведено во прашање

Спречен напад врз авионот на Фридрих Мерц