Мерц: Делови од новата безбедносна стратегија на САД се неприфатливи

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека делови од новата безбедносна стратегија на САД се „неприфатливи“ за европските земји.

Во својата нова безбедносна стратегија, американската влада ја осудува наводната „цензура на слободата на говорот и потиснувањето на политичката опозиција“ во Европа и ветува поддршка за десничарските популистички сили, а воедно ја повикува Европа да стави крај на „масовната имиграција“.

– Нешто од ова е неприфатливо за нас од европска перспектива. Не гледам потреба Американците сега да сакаат да ја спасат демократијата во Европа, рече Мерц во Мајнц, зборувајќи за безбедносната стратегија на Вашингтон, објави Шпигел.

Би можело да ве интересира

Рубио: Напредокот во контактите со Иран – Ормутскиот теснец e многу важен

САД потврдија дека користат беспилотни бродови против Иран

Пентагон подготвува уште 10.000 војници за Блискиот Исток

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Шумер: Американците прескокнуваат оброци поради војната во Иран

Мерц за САД и Израел: Некои работи ни се нејасни