Менаџерка на Луфтханза убиена пред очи на нејзиниот тригодишен син, сопругот ја избодел со нож

Од:

Менаџерката на Луфтханза, Стефани В. (38) била брутално убиена во германскиот град Хамбург, пред очите на нејзиното дете (3), а за убиство е осомничен нејзиниот сопруг Дерек.

Тој ја избодел сопругата во ходникот на зградата.

Оние кои ја познавале брачната двојка велат дека „однадвор“ се изгледало идеално. Пријателите и роднините велат дека парот добро се сложувал и биле прекрасни родители на нивниот тригодишен син. Сепак, нешто тргнало наопаку во четвртокот вечерта.

Стефани и Дерек се скарале во нивниот стан околу 20:30 часот. Во еден момент Стефани го напуштила станот, а нејзиниот сопруг тргнал по неа. Таму во ходникот од зградата три пати ја избодела со нож. Таа успеала да стигне до лифтот и таму се струполила.

„Соседите слушнале врисоци, ја нашле жртвата во зградата и повикале брза помош. Осомничениот со детето побегнал од местото на злосторството“, соопшти полицијата.

Стефани починала во лифтот, а според „Билд“, тригодишното момче до последен момент ја гледало мајка си како се бори за живот.

Медиумите јавуваат дека Дерек го зел детето по злосторството и побегнал во станот на мајка си во друг дел од градот. Наводно мајката повикала полиција околу 22 часот.

Кога пристигнала патролата, Дерек излегувал од станот. Веднаш бил уапсен, а според наводите не давал отпор.

Момчето итно било пренесено во болница, при што било констатирано дека не се здобило со никакви физички повреди.

Истрагата на местото на убиството траела до раните утрински часови, а полицијата се уште не знае зошто Дерек ја избодел сопругата.

Како што пишува „Билд“, оние кои ја познавале двојката тврдат дека не слушнале ништо лошо за нив, ниту дека се зборувало за нивно несогласување или развод.

Би можело да ве интересира

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

По петдневна потрага полицијата го уапси убиецот Емир Селимовиќ

Горан Наумовски

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Убиство во кафе бар во градот Србица, причина е расправија за имот

А1он

Еден мртов, двајца повредени во престрелката во Чаир – детали од МВР и од Обвинителство

Катерина Ѓуровски