Мелони: Неодговорно е да се користи туѓото страдање за напад врз владата

Од:

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека иницијативата на флотата „Глобал Сумуд“ со хуманитарна помош за Газа е неодговорна и опасна, откако нејзините бродови беа повторно нападнати во вторник.

„Сето ова е неодговорно и непотребно. Нема потреба некој да го ризикува својот живот и да оди на бојното поле за да достави помош во Газа што италијанската влада можеше да ја достави во рок од неколку часа“, рече Мелони.

Според Мелони, она што се случува во Италија не е насочено кон ублажување на страдањата на луѓето од Газа, туку е насочено против италијанската влада.

„Верувам дека е објективно неодговорно да се користи страдањето во Газа за напад врз владата“, истакна Мелони.

Мелони додаде дека министерот за надворешни работи Антонио Тајани работи на друг предлог за медијација за доставување на помошта до Кипар и Латинската патријаршија во Ерусалим, која би ја презела одговорноста за нејзино доставување.

„Мислам дека станува збор за предлог за кој постои согласност меѓу кипарската, израелската и италијанската влада. Чекаме одговор од флотилата. Апелирам до сите да бидат одговорни и да не преземаат иницијативи чија примарна цел не е да доставуваат помош, туку да создаваат проблеми за владата“, рече Мелони.

Би можело да ве интересира

Бен-Гвир повикува на освојување на цела Газа и преселување на Палестинците во Франција и Британија

Истрага на ОН: Израел продолжи да врши геноцид во Газа дури и по примирјето

ВИДЕО: Мелони со војска го брани Милано од демонстрантите

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Не можете да ги палите градовите – Мелони по нередите во Милано

Катерина Ѓуровски

Мелони: Италија има јасен став за Украина, Москва покажува нервоза

А1он

САД: Нема план за протерување на Палестинците од Газа