Мексико во хаос: 74 мртви по смртта на „Ел Менчо“

Од:

Најмалку 74 лица, меѓу кои и 25 припадници на Националната гарда, загинаа во операцијата за апсење на водачот на картелот Картел Нова генерација Халиско и во насилството што избувна потоа, соопшти мексиканскиот министер за безбедност Омар Гарсија Харфуч.

Акцијата е спроведена во западната сојузна држава Халиско, каде владините сили се обиделе да го приведат лидерот на картелот, познат како „Ел Менчо“, чие вистинско име е Немесио Осегуера Сервантес. Според официјалните информации, тој бил ранет за време на операцијата и починал при транспорт со авион кон Мексико Сити.

По неговата смрт, следуваше насилен одговор од членови на картелот. Во повеќе сојузни држави биле запалени возила, блокирани автопати и извршени напади врз банки, бензински пумпи и продавници. Мексиканските медиуми објавија дека немирите зафатиле околу 20 од 32-те сојузни држави, вклучувајќи ги Халиско, Мичоакан, Агваскалиентес, Тамаулипас и Гванахуато.

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум изјави дека ситуацијата е ставена под контрола и дека земјата повторно функционира нормално. Таа нагласи дека во операцијата учествувале исклучиво мексикански федерални сили, иако имало размена на разузнавачки информации со САД.

Од Белата куќа потврдија дека Вашингтон обезбедил разузнавачка поддршка, опишувајќи го Осегуера како еден од главните шверцери на фентанил во САД.

Министерството за одбрана соопшти дека во операцијата биле убиени и осум припадници на бандата во местото Тапалпа, а запленети се оклопни возила и големо количество оружје, меѓу кое и ракетен фрлач способен да собори летало.

Насилството предизвика загриженост и околу подготовките на Мексико како кодомаќин на претстојното Светско првенство во фудбал, при што дел од натпреварите треба да се одиграат во Мексико Сити, Гвадалахара и Монтереј.

„Ел Менчо“, поранешен полицаец, го предводеше картелот од неговото основање во 2011 година и важеше за еден од најмоќните нарко-босови во земјата, со широка меѓународна мрежа и активности што опфаќаа трговија со дрога, изнуда, шверц на мигранти и оружје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Туристи се заробени во Мексико: „Ова е без преседан, можеме само да се молиме“

ВИДЕО: Војската го уби Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико, избувнаа немири

Запленети се неколку тони кокаин

Горан Наумовски

Масакр на фудбалски стадион во Мексико – убиени се најмалку 11 лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Американската војска ќе спроведува операции против картелите во Мексико, најави Трамп

Катерина Ѓуровски

Шајнбаум му одговари на Трамп: Мексико е суверена земја