Мексико: Убиени девет полицајци

Од:

Непознати напаѓачи денеска убија девет мексикански полицајци, а еден ранија, во заседа во сојузната држава Гереро, во која има насилства на нарко-клановите.

Во соопштението на локалното обвинителство, објавено на Фејсбук, се вели дека “деветмина полицајци се убиени додека биле на должност”, пренесе АФП.

Полицајците биле нападнати во градот Апача де Кастрехон, кој се наоѓа во регионот познат како “Тјера калијанте” (врела земја). Тој регион беше сцена на брутални пресметки на нарко-бандите.

Неколку нарко картели, како што се “Витези Темплари” и “фамилија Мичоакан”, се борат за превласт во Гереро.

Во Мексико, во насилствата поради дрога, од 2006 година загинаа повеќе од 70.000 луѓе, а бандите низ целата земја, се пресметуваат едни со други и се борат против локалните власти.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори