Мексико: Седум човечки глави пронајдени во кеса

Од:

Мексиканските власти покрај автопатот во близина на градот Гвадалахара, пронашле седум човечки глави во полиетиленска кеса, соопшти обвинителството на државата Халиско.

Како што пренесе „Ројтерс“ ова е најнов доказ дека насилството поврзано со криминалните групи во Мексико се уште е раширено, наспроти уверувањата на владата дека стапката на убиства во државата се намалува.

Повеќе од 60.000 лица ги загубија животите во насилствата поврзани со судирите на нарко-картели, во периодот од 2006 до 2012 година, додека претседател на Мексико беше Фелипе Калдерон.

Него минатата година во декември го замени Енрике Пења Нијето, но од тогаш во државата месечно се извршуваат околу 1.000 убиства.

Во сојузната држава Халиско, позната по текила и маријачи, стапката на убиства во првите пет месеци од годинава порасна за пет проценти во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на мексиканската полиција.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба