Мексико анализира план за решавање на проблемите со мигрантите

Од:

Мексиканската влада соопшти дека ќе спроведе план за решавање на проблемите со мигрантите запрени во земјата како резултат на политиките на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп и истакна дека Мексико не е виновен за протокот на луѓе.

Мексиканското Министерство за внатрешни работи соопшти дека Министерството за надворешни работи ќе разработи план како да се третираат мигрантите кои останаа во државата поради таканаречените мерки на Трамп „Остани во Мексико“, откако новоизбраниот американски претседател Џо Бајден вети дека ќе ја откаже програмата.

– Мексико ќе работи со владите на САД, Гватемала, Хондурас и Салвадор за решавање на миграциските предизвици, рече мексиканската министерка за внатрешни работи Олга Санчез.

– Ние не сме причина за проблемот, но ја повторуваме нашата подготвеност да бидеме дел од решението, нагласи таа.

Според политиката „Остани во Мексико“, мигрантите со барања за американски азил престојуваат во Мексико додека се разгледува нивното барање.

– Ќе формулираме план за мигрантите кои се уште се во Мексико. Протокот на мигранти кои се обидуваат да стигнат до САД преку Мексико се очекува да се зголеми во иднина, потенцира Санчез.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Серија разорни земјотреси, паника во Мексико

ВИДЕО: Мексиканец се обидел да киднапира авион и да го упати кон САД, го спречиле патниците

ДЕА: 15 милиони долари за информации што би довеле до апсење на Ел Менчо, водач на озлогласениот картел CJNG

А1он

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ