Мексикански нарко-бос уапсен додека го гледал натпреварот со Хрватска

Од:

Лидерот на некогашниот моќен нарко-картел од Тихуана, Санчес Арељано е уапсен додека го следел натпреварот на мексиканската репрезентација на Светското првенство во фудбал, изјави шефот на федералната полиција Алехандро Рубидо и додаде дека Арељано во моментот на приведување во себе имал 100.000 долари.

Тој го наследил лидерството во картелот од својот вујко, Хавијер Арењано Феликс кој беше уапсен од американските служби во 2006 година, што предизвика борба за превласт, брутални насилства и секојдневни вооружени судири во Тихуана.

Според американските власти, Санчес е еден од шестте највлијателни трговци со наркотици во регионот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трамп ги паузираше царините за Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико

Мексико најави одговор на царините од САД

Горан Наумовски

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски