Мексиканската полиција заплени девет тони марихуана и околу 170 килограми метамфетамини

Од:

Мексиканската федерална полиција соопшти дека неделава запленила над девет тони марихуана, 168 килограми метамфетамини и големо количество оружје од скривница крај северниот пограничен град Рејноса, пренесоа американските медиуми.

Во коминике на полицијата се наведува дека поплаките на граѓани ги одвела полицајците до два подземни склада во близина на автопатот што ги поврзува Монтереј со градот Рејноса, и потоа со Макалан во Тексас.

Во едниот склад биле откриени пет тони марихуана и метамфетамини, а во вториот 20 автомати, илјадници патрони, 20 униформи, радиопредаватели и метални врвови за пукање во гуми.

Властите не соопштуваат каде се откриени останатите четири тони марихуана.

Би можело да ве интересира

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба