Мексиканската армија во престрелка уби 13 вооружени напаѓачи

Од:

Мексиканската армија уби 13 вооружени напаѓачи во престрелка синоќа во сојузната држава Сакатекас, при што армијата запленила автоматско оружје и автомобили, соопштија мексиканските власти.

Државниот обвинител на Сакатекас, Артуро Нале, изјави дека пресретлката ја преживеал еден од напаѓачите, кој пред полицијата изјавил дека е член на нарко картелот „Картел дел Голфо“ од Мексиканскиот Залив.

Во сојузната држава Сакатекас изминатиот период има раст на инцидентите поврзани со бандите за шверц на дрога, откако во 2010 година картелот „Сетас“ се одвои од „Картел дел Голфо“ и го пренесе работењето западно од својата база на североисточниот дел на Мексико.

Би можело да ве интересира

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба