Мексиканска кандидатка топлес на изборните билборди

Од:

Кандидатката за мексиканскиот конгрес Наталија Хуарез и нејзините подржувачки позираа топлес за изборните билборди.

Во центарот на вториот по големина град во Мексико, но и еден од најконзервативните Гвадалахара деновиве осамна билбордот на 7 жени кои голите гради ги покриваат со нивните дланки.

Хуарез која е универзитетски професор и кандидат на демократската револуционерна партија се одлучи на провокативна кампања, за која мексиканските медиуми низ шала велат дека ризикува да ги убие возачите, кој губат контрола над возилата кога ќе ги видат голите политичарки.

На слоганот пишува: Осмелете се и придружите се на новиот проект без предрасуди за подобра нација!

34 годишната политичарка во изјава за мексиканските медиуми рекла дека се обидува да води нов вид на капмања која е поразлична и поведра од останатите.

Билбордот наиде на големи критики на конзарвативната партија против која се кандидира Хуарез. Според нив овој чекор на Хуарез се должи на недостаток на самодоверба.

Би можело да ве интересира

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба