Мексиканците го поддржаа Лопез Обрадор на референдумот за отповикување и покрај слабата излезност

Од:

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор го „преживеа“ референдумот за неговото отповикување, при што речиси 92 отсто од гласачите го поддржаа левичарскиот националист, јави ДПА, повикувајќи се на податоци од Изборната комисија.

Само шест отсто гласаа за смена на Лопез Обрадор од власт. Сепак, одѕивот од нешто повеќе од 17 проценти е далеку од потребниот кворум од 40 отсто, што значи дека резултатот не е обврзувачки.

– Останувам и ќе ја продолжам трансформацијата на нашата земја, рече Лопез Обрадор во видео порака. Неговиот мандат трае до 2024 година.

Повеќето опозициски партии повикаа на бојкот, опишувајќи го плебисцитот како пропаганда финансирана од даночните обврзници за Лопез Обрадор.

Мексиканскиот парламент го ревидираше својот Устав во 2019 година за да воведе референдум за импичмент на иницијатива на левичарската партија Морена на Лопез Обрадор.

Гласањето за импичмент може да се активира на почетокот на втората половина од мандатот на претседателот со собирање потписи од најмалку 3 отсто од гласачите со право на глас во 17 држави.

Според Уставот на Мексико, претседател на држава може на функција да остане само еден мандат, во траење од шест години.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори