Мексиканци со жив штит против планираниот ѕид на Трамп долж границата

Од:

Околу 1.500 Мексиканци, формирајќи жив штит, протестираа поради плановите на американскиот претседател Доналд Трамп да изгради ѕид долж границата на САД со Мексико.

– Рака за рака, ние го покажавме националното единство, кое не прави разлика меѓу луѓето, изјави мексиканскиот сенатор Армандо Риос Питер, кој присуствуваше на протестот заедно со други политичари и со студенти.

Живиот ѕид беше формиран покрај реката Рио Гранде, во близина на градот Сиудад Хуарес. На протестот учествуваше и градоначалникот на Ел Пасо, град во американската држава Тексас.

Трамп претходно изјави дека изградбата на ѕидот долж границата ќе започне за неколку месеци и дека САД очекува парите за изградбата да бидат вратени од Мексико.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени