Меконел: Путин го сврте грбот на дипломатијата во корист на инвазија на суверена земја

Од:

Сите идниции говорат дека акциите на Путин речиси сигурно ќе бидат предигра за уште поголема агресија и уште поголема инвазија, изјави лидерот на републиканското малцинството во Сенатот, Мич Меконел.

Тој денеска кажа Путин го свртел грбот на дипломатијата во корист на инвазијата на суверена земја, и додаде дека целиот свет гледа како САД ќе одговорат на тоа.

–Доколку тоа се случи многу Украинци ќе загинат. Хуманитарните последици ќе бидат катастрофални, изјави Меконел.

Првиот републиканец во Конгресот порача Бајден да наметне „уништувачки санкции против Кремљ и неговите помошници“, и порача дека Путин мора да плати многу повисока цена од онаа за претходните инвазии на Грузија и Украина. Додаде дека Германија мора трајно да се откаже од „Северен тек-2“ и дека НАТО мора да ја зацврсти одбраната на своето источно крило.

-САД и партнерите се најсилни кога делуваат заедно, но колективниот одговор на овие закани мора да биде предводен од Вашингтон, од претседателот Бајден и неговата администрација, изјави Меконел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУ ги одложи царините против Америка за еден месец

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Макрон: Сега останува на Русија да докаже дека навистина сака мир

Горан Наумовски

Украина: Имаме три многу солидни црвени линии

Медиуми: САД се повлекуваат од Меѓународниот центар за злосторства против Украина

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија