Мекдад: Курдите да и се придружат на сириската Влада, а не да се „фрлат во бездна“

Од:

Сирискиот заменик министер за надворешни работи Фејсал Мекдад денеска ги повика сириските Курди да преминат на страната на Владата во Дамаск.

Тој ги повика Курдите да и се придружат на сириската Влада, а не да се „фрлат во бездна“.

– Татковината срдечно ќе ги прими сите свои синови и Владата во Дамаск ќе ги реши сите проблеми во земјата на позитивен начин, без насилство, посочи Мекдад.

Изјавата на Мекдад е прва официјална реалкција од Сирија по одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп да ги повлече американските трупи од североисточниот дел на Сирија.

Тој исто така додаде дека Сирија ќе ја брани целата своја територија и нема да прифати никаква окупација.

Одлуката на Трамп ги налути сириските Курди, бидејќи тоа значи губење на автономијата со која се стекнаа за време на војната во Сирија.

Американските сили вчера почнаа да се повлекуваат од североисточниот дел на Сириј. Курдските борци го обвинија Вашингтон за непочитување на своите обврски кон клучните сојузници и наведоа дека тоа ќе ги поништи достигнувањата во последните пет години во борбата против ИД.

Турција во повеќе наврати се закани дека ако не биде формирана безбедносна зона долж границата со Сирија, за што беше постигнат договор со САД, ќе изврши инвазија врз североисточниот дел на соседната земја.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад