Мeкдад ги нападна курдските сили дека ја издале својата земја

Од:

Сирискиот заменик министер за надворешни работи Фaјсал Мeкдад ги нападна денеска курдските сили, истакнувајќи дека ја издале својата земја и ги обвини дека нивниот сепаратистички план и послужил на Турција како оправдување да се повреди суверенитетот на Сирија.

На прашањето дали Дамаск треба да го продолжи дијалогот со силите предводени од Курдите, кои Турција ги нападна за да ги протера од североисточниот дел на Сирија, Мeкдад изјави дека тие вооружени групи ја предале својата земја и извршиле злосторство против неа.

– Нема да прифатиме каков било дијалог или разговор со оние кои станаа заложници на странските сили… Нема да има упоришта за агенти на Вашингтон на сириска територија, објасни Мeкдад.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел