Меѓународната коалиција: Багдад и Ербил да избегнат ескалација на тензиите

Од:

Меѓународната коалиција предводена од САД ги повика ирачките лидери и курдските власти да ја избегнат ескалацијата на тензиите, по судирите и смртните случаи во провинцијата Киркук, која е богата со нафта.

– Сите страни мора да стават акцент на борбата против нашиот заеднички непријател во Ирак – Исламска држава, се вели во соопштението на коалицијата, додавајќи дека би сакале да веруваат оти вооружените судири синоќа се резултат на недоразбирање поради слабата видливост.

– Коалицијата го набљудува движењето на војниците и воената опрема во близина на Киркук. Досега ова придвижување е само обично преместување, а не напад, се наведува во соопштението.

Илјадници Ирачани бегаат од градот Киркук и се упатуваат кон северните градови Сулејманија и Ербил.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак