Меѓународна конференција за борба против феноменот на странски џихадисти

Од:

Четириесет држави и организации се собраа денеска во Хаг да разговараат за борбата против феноменот на млади луѓе кои ги напуштаат своиите држави за да се борат заедно со групи како што е Исламска држава.

Според ОН, речиси 25.000 странски борци од 100 држави се во редови на вооружени групи како што е Ал Каеда или организацијата Исламска држава која контролира делови од територии во Сирија и Ирак.

– Прашањето за странските борци бара мултидисциплинарен пристап, вели министерот за надворешни работи Берт Коендерс на отворањето на конференцијата.

Таа се одржува под покровителство на Светскиот дорум за борба против тероризмот основан во 2011 година и во кој се Кина, Египет, Ирак и Франција, но и организации како што е Интерпол. Присутни се и претставници од меѓународната коалиција која води борби со Исламска држава. Конференцијата ќе трае до четврток.

Би можело да ве интересира

Уапсено уште едно лице за планирање џихадистички напад во Париз, кон крајот на 2021 година

А1он

Исламски џихад влегува во војна со Израел по убиството на воениот командант Абу ел-Ата

Ана Ололовска

Стотици џихадисти подготвени за напади во Европа

Емир Латифовиќ

Исповед на еден џихадист-покајник

Емир Латифовиќ

Договорена соработка меѓу држави од Централна и ЈИЕ во борбата со џихадистите

Емир Латифовиќ

Во северна Африка уапсени двајца џихадисти

Ана Ололовска