Тим на нукларни експерти ќе пристигнат во Јапонија поради електраната во Фукушима.
Инспекцијата доаѓа по серијата инциденти во кои дојде до течење на радиоактивна вода од нукеларната централа.
Меѓународната агенција за атомска енергија испрати тим од експерти кои ќе ја набљудуваат оштетената јапонска нукларна електрана, а ова ќе биде трета проверка на Фукушима од 2011 година.
Нукларната централа беше оштетена во катастрофалниот земјотрес и цунами кои ја погодина Јапонија на 11-ти март 2011 година.
-По оваа проверка се надеваме дека ќе имаме нови информации – изјави лидерот на мисијата Хуан Карлос Лентихо.
Пред две недели компанијата „Тепко“ соопшти дека 120 тони радиоактивна вода истече од главниот дел во Фукушима и дека можеби е загадено и околното земјиште.
Елена Георгиевска