Медведев за Фон дер Лајен: Се чини дека злобната старица–гинеколог им здосади на сите

Од:

Претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен, најверојатно ќе остане на функцијата, иако непријатен впечаток остави приказната за набавката на вакцината „Фајзер“ за време на пандемијата, според заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

„Се чини дека злобната старица–гинеколог им здосади на сите. Покрај тоа, беше откриено дека си ги извалкала рацете и учествувала во манипулации со набавката на вакцините на „Фајзер“ за време на пандемијата“, изјави Медведев.

„Не е познато што, и во какви количини добила, секако остави непријатен впечаток. Ова започна непријатен процес за неа. Уште оваа недела, за судбината на Урсула ќе одлучува бесмислениот и немилосрден Европски парламент. Ситуацијата е нејасна. Многу е веројатно дека оваа токсична жена сепак ќе ја задржи својата позиција“, напиша тој на својот канал на Телеграм.

Денеска Европскиот парламент на својата седница во Стразбур ќе разгледа гласање за недоверба на претседателката на Европската комисија поради сериозни неправилности во набавката на вакцини за време на пандемијата на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Девојката ме остави, не можев да се освестам цела година, исто е и со Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Медведев: Европејците добија вербална канонада од неблагодарна нарко-свиња

Катерина Ѓуровски

ЕУ ѝ довери итна задача на претседателката на Европската Комисија

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Поважно од кога било да се фокусираме на Украина

Фон дер Лајен: Данска и Гренланд имаат целосна европска поддршка