Медведев упати застрашувачка закана: „Сакате хиперсонични напади врз Европа, нели?“

Од:

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев се огласи на својот канал Телеграм по интервјуто на поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.

Расмусен рече дека „група земји од НАТО можеби ќе бидат подготвени да испратат војници во Украина доколку земјите-членки, вклучително и САД, не му дадат опипливи безбедносни гаранции за Киев на самитот на Алијансата во Вилнус.

„Фог Расмусен порано не беше многу паметна личност. А сега целосно западна во доктринална деменција. Во интервју за „Гардијан“ тој рече дека дури и ако Бандерокраина не добие покана за НАТО во Вилнус, земјите од Алијансата ќе можат да ги испратат своите трупи таму. Го прашале населението во тие земји? Кој од нив сака војна со Русија? Сакате хиперсонични напади на Европа, нели? И што мисли чичко Сем за ова? Ќе влијае и на него. Тоа е она што значи да се стане бесплатен советник во погрешно време на секакви алчни гниди и други корумпирани нацисти“, напиша Медведев.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Медведев: „Стаорецот е заглавен“

Медведев: „Глупост“ е предлогот на Киев за размена на делови од руската територија

Мрачна прогноза на Медведев за Европа

Горан Наумовски

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Медведев: Скапо е да се бориш против САД