Медведев: Случувањата во Украина потсетуваат на СФРЈ

Од:

Рускиот премиер, Дмитриј Медведев изјави дека сите досегашни украински лидери носат одговорност за немилите настани во Украина и ги спореди случувањата со распадот на источниот блок и настаните во поранешна Југославија.

-Јас не зборувам за никого конкретно, тоа се однесува на сите лидери на Украина. Како на поранешните така и на сегашните, кои се одоговорни за она што се случува. Голем дел од одговорност имаат оние, кои поттикнуваа напнатост во Киев и придонесоа за државниот удар-рече Медведев на состанокот со претставници на владеачката Единствена Русија.

Тој наведе дека официјална Москва очекува од Киев да има слух за своите противници, бидејќи само на тој начин може да се обезбеди враќање на мирот и ги потсети присутните дека Европа е сведок на слични настани по распадот на Варшавкиот пакт и војните во поранешна Југославија.

-Во таа најстрашна трагедија, државата е разбиена, а одвоените републики се најдоа во вооружен судир едни против други истакна рускиот премиер.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот