Медведев: Шансите Асад да ја задржи власта се намалуваат

Од:

Димитриј Медведев, премиерот на Русија, денеска изјави дека шансите сирискиот претседател Башар ал Асад да ја задржи власта секој ден стануваат помали.

Но тој го повтори ставот оти за неговата иднина треба да одлучува сирискиот народ, а не странските сили.

– Мислам дека секој ден, секоја недела и секој месец шансите (Асад) да се одржи на власт се се помали. Но, повторувам, за тоа мора да одлучи сирискиот народ. Не Русија, не САД, ниту една друга држава, истакна Медведев во интервју за Си-Ен-Ен.

Тој повторно апелираше за разговори меѓу сириската Влада и опозицијата, додавајќи дека глобалните и регионалните сили сега имаат задача да ги поттикнат преговорите меѓу двете страни.

– Задачата на САД, на Европејците и на регионалните сили е да поттикнат преговори меѓу страните, а не само да бараат Асад да замина и да биде погубен како Гадафи или да се изведе на суд на носила како Хосни Мубарак, посочи Медведев.

Рускиот премиер истакна дека можеби „фатална“ грешка на Асад е што бавно ги спроведува реформите.

Русија досега блокира три резолуции во Советиот за безбедност на Обединетите нации, со кои би се зголемил притисокот врз Асад да стави крај на насилствата, при што загинаа над 600.000 луѓе. Но, Москва се дистанцира од Асад, истакнувајќи оти нема да му понуди азил.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети