Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев испрати телеграма до Захар Прилепин.
Медведев во Телеграм наведува дека убиството на писателот е „гнасен напад на нацистичките екстремисти“ кој нема да остане неказнет.
„Со голема огорченост дознав за гнасниот напад врз вас и вашите најблиски од нацистичките екстремисти. Во име на партијата Единствена Русија и во мое лично име, сакам да ви ја изразам мојата искрена поддршка во ова тешко време. Најдлабоко сочувство до семејството на вашиот колега кој е жртва на ова цинично злосторство“, напиша Медведев во телеграмата, пренесе неговиот помошник Олег Осипов.
Тој додаде дека нападите врз руските патриоти, кои се борат против украинскиот неонацизам, нема да останат неказнети.