Медведев: САД сносат одговорност за нападот на болницата во Газа

Од:

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека нападот на болницата во Појасот Газа е воено злосторство, за кое крајна одговорност сносат Соединетите Американски Држави.

„Монструозниот напад на болницата во Појасот Газа е секако воено злосторство. А крајната одговорност за тоа е на оние кои цинично профитираат од војните во различни земји и на различни континенти. Кои непромислено делат колосални пари за оружје, полнејќи ја својата војска-индустриски комплекс во нивната глобална мисија за заштита на демократските вредности“, напиша Медведев на својот канал Телеграм.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска прогласи тридневна жалост низ цела Палестина, поради нападот на израелските сили врз болницата во Појасот Газа, при што загинаа најмалку 500 луѓе.

Палестинските власти ги обвинија израелските сили за нападот врз болницата, а палестинската милитантна група рече дека тоа е „воено злосторство“.

Од друга страна, израелската армија (ИДФ) тврди дека за експлозијата е одговорна неуспешно лансирана ракета од палестинската милитантна група Исламски џихад.

Би можело да ве интересира

Повеќе од половина милион раселени Палестинци се враќаат во северниот дел на Газа по 15 месеци

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Хамас: Бројот на загинати во Газа се искачи на 47.283, тела се наоѓаат под урнатините

А1он

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Главни точки од договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас

А1он

Израел го потврди историскиот мир во Газа