Медведев: САД никогаш нема да ги укинат санкциите за Русија, таква им е политиката

Од:

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска изјави дека Вашингтон никогаш нема да ги укине економските санкции против Москва.

Тој објаснува дека тоа е политика, која тие ја заговараат многу години наназад.

-Можам искрено да ви кажам, тие никогаш нема да ги укинат санкциите кон Русија, затоа што нивната политика е таква – барем 100 години наназад – базирана на континуирана употреба на санкции против нашата земја, без разлика како се вика таа – Советскиот Сојуз или Руската Федерација, изјави Медведев.

Тој, одговарајќи на прашања поставени на социјалната мрежа ВКонтакте, истакна дека не постои „ниту еден историски период во кој воопшто немало какви било санкции”.

Медведев оцени дека ставот на Вашингтон е за жалење, бидејќи „до одреден степен ја поткопува меѓународната соработка и нè спречува да работиме заедно со САД за решавање на клучните прашања во врска со глобалната безбедност и економскиот развој”.

Би можело да ве интересира

Медведев: Невозможно е да не клекнете на колена, колку побрзо го разберете тоа, толку подобро.

Катерина Ѓуровски

Медведев: Воените победи на Русија се најдобриот одговор на „ултиматумите“ на Зеленски

А1он

„Нуклеарна сила да му прави отстапки на Киев, тоа никој не го разгледува“, Медеведев за германското сценарио за Украина

Катерина Ѓуровски

Медведев: Завршувањето на војната би значело смрт за Зеленски и неговите

А1он

Руски „Инсајдер“: Медведев купил нова јахта во Британија, иако „сонува да фрли бомба на Лондон“

А1он

Медведев за „Орешник“: Нема да ви помогнат ниту нуклеарните засолништа

А1он