Медведев нареди да се испорачува руски гас и итна помош за Источна Украина

Од:

Рускиот премиер Дмитриј Медведев нареди на Министерството за енергетика и на компанијата „Газпром“ итно да изготват предлози за испорака на гас и друга хуманитарна помош за зоните на конфликтот во Источна Украина, каде се јави тешка ситуација, откако вчера украинските власти целосно ги исклучија т.н. Доњецка и Луганска република од испорака на гас, јави ТАСС.

На седницата на руската Влада во Москва, Медведев рече дека „луѓето во повеќе населени пунктови во Источна Украина гладуваат, вклучувајќи го и Дебалцево“. – Во прво време треба да им се достави храна и лекови, рече тој.

Руското Министерство за вонредни состојби објави утрово дека ќе испрати дополнителен конвој со хуманитарна помош специјално за Дебалцево и други населени пунктови, каде ситуацијата е најтешка и недостигаат елементарни стоки.

ДНР веќе успеа да премине на руски гас, изјави претходно лидерот на парламентот во Доњецк Андреј Пуригин. Тоа се случило преку вклучување кон други гасни магистрали во текот на изминатата ноќ.

– Резервите од природен гас на Луганската народна република ќе стигнат само до 15 часот денеска, изјави премиерот на самопрогласената република  Генадиј Ципкалов. – Денеска разработувавме варијанти за испорака на гас и преговараме со украинската страна и со други страни, рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство