Медведев: Макрон и другите лидери на западните земји се спонзори на терористичкиот напад

Од:

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев денеска изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон и голем број други западни лидери се спонзори на терористичкиот напад во концертната сала „Крокус Сити Хол“ на 22 март во предградието на Москва.

„Соучесници: да, барем самиот Макрон, неговата реторика, неговите постапки и што е најважно, неговите тајни операции со режимот на Бандера може да се квалификуваат како соучесништво во терористичкиот напад на 22 март… Јасно е дека Макрон и многу други западни лидери спонзорираа овој ужасен терористички напад. За ова нема прошка“, напиша Медведев на каналот Телеграм, пренесува РИА Новости.

Според последните податоци, во терористичкиот напад на концертната сала „Крокус Сити“ во Красногорск кај Москва загинаа 145 лица.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Медведев: „Стаорецот е заглавен“

Медведев: „Глупост“ е предлогот на Киев за размена на делови од руската територија

Мрачна прогноза на Медведев за Европа

Горан Наумовски

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Медведев: Скапо е да се бориш против САД