Медведев: Грабежот во Кипар продолжува

Од:

Русија не е задоволна од европскиот спасувачки план за Кипар, со кој странските сопственици на депозити во кипарските банки ќе претрпат големи загуби.

– Според мене таму продолжува грабежот на веќе ограбеното, изјави денеска рускиот премиер Дмитриј Медведев на состанок со вицепремиерите.

– Затоа е потребно да се разбере на крајот во што ќе се претвори целата оваа ситуација и какви ќе бидат последиците од неа за меѓународниот финансиско-монетарен систем, како и за нашите интереси, додаде Медведев.

Тој нагласи дека Русија ќе ги истражи евентуалните последици, кои овој план би ги имал врз нејзините интереси.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

Руте повика на нормализација на односите со Русија

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот покажуваат дека сакаат војната да продолжи