Медведев бил прислушуван на самитот Г20

Од:

Американски и британски агенти го прислушувале поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев во текот на самитот на Г20 во Лондон, во 2009 година. Прислушувањето најверојатно било спроведено по наредба на домаќинот на самитот, тогашниот британски премиер Гордон Браун, пишува „Гардијан“.

Лондонскиот весник наведува дека американските агенти, стационирани во Британија, ги следеле тајните разговори на Медведев, кои ги вршел преку сателитски телефон. Детали за тајната операција биле наведени во документот на американската Агенција за национална безбедност (НСА), кој им бил предаден на властите на Британија, Австралија, Канада и на Нов Зеланд. Тајниот документ, кој на јавноста ѝ го претстави поранешниот соработник на НСА, Едвард Сноуден, укажува на големата важност на американскиот шпионски центар во Харогејт, Северен Јоркшир, каде што се стационирани стотици аналитичари на НСА.

„Гардијан“ наведува дека британските и американските агенти отворале специјални интернет-кафулиња, во чии компјутери биле инсталирани програми за пресретнување на електронската пошта или ги прислушувале телефонските разговори.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја: Испраќањето војници во Украина би било во согласност со меѓународното право

(ВИДЕО) Русија со дрон погоди станбена зграда во Киев и предизвика пожар на првите катови

ВИДЕО: Руски конвој нападнат во Чеченија, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

Русија им дала на Хутите клучни информации за ракетните напади врз бродови во Црвеното Море објави „The Wall Street Journal“

Новите воени мапи откриваат масовна руска пенетрација на фронтот

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво