Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, зборуваше ден по падот на Авдијевка и му се закани на Западот со нуклеарно оружје.
Медведев изјави дека Русија нема да се откаже од освоените украински територии дури и по цена на нуклеарен конфликт со Западот.
„Да замислиме за момент дека Русија загуби и дека Украина со своите сојузници победи. Како би изгледала таквата победа на нашите непријатели, односно на неонацистите и нивните западни спонзори? Многупати е кажано дека тоа би значело враќање на границите од 1991 година т.е директен и неповратен колапс на денешна Русија која според Уставот опфаќа нови територии.А тогаш би дошло до насилна граѓанска војна со конечно исчезнување на нашата земја од светската мапа.Десетици милиони жртви. Смртта на нашата иднина. Колапс на се во светот“, рече Медведев на својот канал Телеграм.
„И сега главното прашање! Дали тие идиоти навистина веруваат дека народот на Русија ќе ја проголта таквата поделба на својата земја и дека раководството на земјата, на чело со врховниот командант на вооружените сили на Руската Федерација, во тој случај би имало проблем за да ги донесе најтешките одлуки“, вели Медведев, мислејќи на ставот на шефот на британското Министерство за одбрана, Грант Шапс, кој рече дека „светот не може да си ја дозволи“ победата на Русија.
Медведев наведува дека „ќе биде сосема поинаку“ во тој случај.
„Пропадот на Русија ќе има многу пострашни последици од резултатите дури и од најдолгата војна. Обидите да се врати Русија на границите од 1991 година само ќе доведат до глобална војна со западните земји во која ќе го искористиме целиот стратешки арсенал на нашата земја“, предупреди поранешниот претседател на Русија.
Медведев нагласи дека целите на Москва ги вклучуваат Киев, Берлин, Лондон и Вашингтон, како и други „прекрасни историски места“ кои долго време се вклучени во целите на нуклеарната тријада.
„Ќе имаме ли храброст да го направиме ова ако илјадагодишната земја, нашата голема татковина, е пред исчезнување, а жртвите направени од народот на Русија во текот на вековите станат залудни? Одговорот е очигледен. Затоа, подобро е да ни вратите сè пред да биде предоцна или ќе го вратиме сами со максимални загуби за непријателот. Исто како Авдијевка“ додаде Медведев.