Мебелот во една француска куќа паѓа самиот, отворена официјална истрага

Од:

Одговорот на тоа зошто паѓа мебелот во една семејна куќа во Албаре Сант Мари во Лозер, Франција, треба да го даде официјална истрага, јавува дописникот на МИА од Париз.

Според пишувањето на регионалниот весник „Миди Либр“, се започнало на 12 март, кога сите сијалици во куќата прегореле истовремено. Еден час подоцна, на подот паднал еден мебел без никој притоа да го турне. Следните денови паднале и други мебели меѓу кои еден фрижидер и библиотека. Претходно во дворот била пронајдена мртва мачка и мртви птици во близината на куќата.

Мишел Терон, градоначалникот на Албаре Сант Мари, во чиј атар се наоѓа куќата од Ла Рош во кој живеат четириесетина лица, е убеден дека станува збор за „природен феномен“.

– Не постојат сомневања дека станува збор за нешто паранормално. Ние сме неофити во оваа област. Но потребно е да бидеме претпазливи, бидејќи ништо не е потврдено, некои мислат дека станува збор за мини-земјотрес кој предизвикал зголемување на тектонска пукнатина точно под куќата, вели градоначалникот, според кој за ова се контактирани специјализирани установи под совет на префектурата.

Жителите на куќата се ургентно сместени во друг стан. Последните денови кои ги поминале во нивната куќа, поранешна плевна, биле трауматизирани. Самата куќа не е оштетена, иако плочките на подот биле испукани. Тестовите околу електричната инсталација покажале дека нормалните 50 оми, изнесувала околу 600 оми. Тука има друга мистерија, нема струја во земјата и главниот прекинувач на куќата, кога ќе биде надминат дозволениот напон не се исклучува.

Според Иве Лизон, поранешен професор по математика од Универзитетот во Тулуз, нема место за нешто паранормално и потреба од истерувачи на духови. Тој е на мислење дека појавата е од геолошка природа. Додека се испитуваат научните хипотези за овај феномен, префектуарат отвори истрага за природна катастрофа.

Би можело да ве интересира

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

За 24 часа се јавија 12.000 жртви и сведоци на сексуална злоупотреба на обвинетиот музичар

Предраг Петровиќ

Златан Ибрахимовиќ покажа пеколна машина од 470.000, си купи Ферари за роденден

ВИДЕО: Луѓето згрозени од новиот филм на Деми Мур

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Моника Белучи го слави 60-тиот роденден: Како изгледаше една од најубавите жени во светот низ годините

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските