Маж фрли денеска молотови коктели врз Центарот за регистрација на мигранти во јужното англиско пристаниште Довер, а потоа се самоуби.
Напаѓачот излегол од автомобилот и фрлил три молотови коктели, од кои едниот не експлодирал.
Потоа се упатил до блиската бензинска пумпа каде се обесил. Полицијата пристигнала неколку минути подоцна и ја опколила областа. Локалната полиција и британското Министерство за внатрешни работи не се веднаш достапни за коментар.
Извор: МИА