Маурицио Макри победник на претседателските избори во Аргентина

Од:

Кандидатот на десно-центристичката опозиција, Маурицио Макри (56) е победник на претседателските избори во Аргентина, јави Би-Би-Си.

Досега владејачките лево-центристички перонисти, го потврдиле поразот.

На вториот круг од изборите, што се одржа вчера, Макри освоил 53 отсто од гласовите, додека за кандидатот на перонистоте, Даниел Скиоли, се определиле 47 отсто од Аргентинците.

Доколку државната изборна комисија ги верификува овие резултати, Аргентина по речиси деценија ипол, ќе добие претседател и влада кои нема да бидат од редовите на перонистите.

Претходно, на претседателската функција беше Нестор Кирхнер, а потоа во два, едно по друго мандати, неговата сопруга, а потоа вдовица, Кристина Фернандез де Кирхнер.

Маурицио Макри досега беше градоначалник на Буенос Аирес, главниот град на државата. Тој потекнува од семејство на италијански имигранти, но е син на еден од најбогатите луѓе во Аргентина.

Пред да се вклучи во политиката, Макри со години на ред работел во бизнисот.

Заминувањето на перонистите од политичката сцена, доаѓа откако на гласањето во октомври, ниту еден од двајцата кандидати не успеа да добие мнозинство, па за прв пат во аргентинската политичка историја се одржа втор круг.

На првото гласање, кандидатот на досега јпартија, Скиоли беше во мала предност, пред кандидатот на опозицијата, но во периодот меѓу првото и второто гласање, Макри успеа да ја стекне довербата на Аргентинците, кои се незадоволни од економската криза и инфлацијата.

Макри и неговиот изборен штаб ја обвинуваа Кирхнер за ппулистичко водење на државата, за затскривање зад национализмот и патриотизмот, за да се прикрие лошата економска ситуација, откако владата одлучи да не објавува статистички податоци.

Кандидатот на опозицијата и неговата коалиција „Камбиемос„ (За промана) ја критикуваа Кирхнер дека затворајќи ја аргентинската економија, за да „се заштити домашното производство„ предизвикала одлив на странскиот капитал и незаинтересираност на надворешните инвеститори за вложување во домашната економија.

Скиоли е гувернер на провинцијата Буенос Аирес и важи за силен сојузник на актуелната претседателка Кирхнер.

Таа ја истакна неговата кандидатура, кога стана јасно дека не ќе може да ја оствари замислата за трет мандат, што Уставот не го дозволува, но веќе го применија тројца левичарски претедатели- во Венецуела, Боливија и Еквадор- иако и уставите во нивните земји, тоа не го дозволуваат.

Перонистите веруваа дека Даниел Скиоли лесно ќе ги добие изборите и ќе продолжи со популизмот што го започна Кристина Фернандез де Кирхнер, но поразот во вториот круг стана извесен, кога сите анкети пред вчерашното гласање му даваа предност на кандидатот на опозицијата.

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ