Матис: САД нема да ја запленат ирачката нафта

Од:

Американскиот министер за одрбана Џејмс Матис изјави денеска дека САД не планираат да ја запленат ирачката нафта, отстапувајќи од идејата, која ја предложи претседателот Доналд Трамп и која ги вознемири властите во Багдад.

Матис допатува во ненајавена посета на Ирак, додека борбата за протерување на милитантите од Исламска држава (ИД) од западниот дел на Мосул влегува во вториот ден, а Пентагон разгледува начини за забрзување на кампањата против џихадистичкаѕа група во Ирак и Сирија.

Тие напори беа отежнати со заканата на Трамп за заплена на нафтата и неговото вклулување на Ирак на листата земји, чии државјани имаат забрана за влез во САД, што се два чекора, кои ја обединија земјата против САД и доведоа до тоа пратениците да побараат од премиерот Хајдер ал Абади да ја редуцира соработката со Вашингтон.

– Мислам дека сите ние кои сме во оваа просторија, знаеме дела Америка генерало платиле за гасот и нафтата, кои ги користи и сигурен сум дека така и ќе продолжи во иднина. Ние не сме тука за да одземеме нечија нафта, изјави Матис.

Во моментов во Ирак се наоѓаат повеќе од 5.100 американски војници, а околу 500 се стационирани во Сирија.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени