Масовно протерување на питачите во Стокхолм

Од:

Од централните делови на Стокхолм шведската полиција претпладнево протера дваесетина питачи, имигранти од земји-членки на ЕУ, во рамките на законските овластувања за заштита на јавниот ред и мир, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

– Тротоарите не се места за спиење, туку треба да се користат за движење на пешаци, изјави Ларс Бистром од стокхолмската полиција.

Дваесетина Роми по потекло од Романија, се избркани од своите привремени ноќевалишта од центарот на шведската престолнина.

– Со помош на преведувач беа информирани дека социјалните служби им обезбедиле сместување во Ворберг, во јужниот дел на општина Стокхолм. Таму ќе можат да останат пет дена, рече Бистром за Шведското радио.

Отстранувањето на питачиѕе од јавните места во шведските градови е прашање кое веќе подолго време е проследено со интензивна дебата.

Вчера беше објавен предлогот на најголемата опозициска Партија на модератите, полицијата и редарите да добијат поголеми законски овластувања во справувањето со распространетиот социјален феномен на питачење во шведските градови, кој добива се поголеми и загрижувачки димензии.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица