Масовно бегство од затвор во Мексико

Од:

132 затвореници побегнаа од мексиканскиот затвор во Пиедрас Неграс во близина на границата со САД.

Затворениците побегнале преку тунел широк 1,2 метри и долг 7 метри,ископан на длабочина од 2,9 метри. Тунелот започнува од поранешната затворска столарска работилница. Излезот на тунелот се наоѓал во близина на набљудувачницата, а затворениците излегувајќи на површината ја пресекле жичаната ограда и излегле надвор од затворскиот круг еден по еден.

Затворскиот комплекс во Пиедрас Неграс е дом на 734 затвореници.Се предпоставува дека во ова бегство затворениците имале подршка од корумпирани затворски чувари.

Гувернерот на сојузната држава Коахула,во која се наоѓа затворот,вети награда од 200.000 пезоси на лицата со веродостојни информации кои би довеле до фаќање на секој од бегалците.

Би можело да ве интересира

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба