Масовни протести во Велика Британија

Од:

За утре во Велика Британија се најавени масовни протести против новите владини мерки за штедење, на кои се очекува да учествуваат десетици илјади лица.

Луѓе од сите делови на земјата ќе учествуваат во саботниот марш во центарот на Лондон наречен „Одржлива иднина“, а слични протести ќе бидат организирани и во Глазгов и Белфаст.

– Фактите покажуваат оти мерките за штедење не ги донеле саканите резултати. Повеќе од 2,5 милиони луѓе се без работа, три милиони немаат доволен број работни часови за да состават крај со крај, а платите се помали секој месец во изминатите три години, изјави генералниот секретар на синдикатот Брендон Бербер.

Во март минатата година околу 250 илјади лица протестираа во Лондон во организација на истиот синдикат, но протестот стана насилен и полицијата тогаш уапси околу 200 лица.

Би можело да ве интересира

Бизарна кражба во тоалет во ресторан во Англија – сопственикот е шокиран

А1он

Затворени 300 пабови: 4.500 луѓе останаа без работа

(ВИДЕО) Маж запали Куран пред турскиот конзулат во Лондон

Масовно затворање пабови во Англија

А1он

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија