Масовни протести во Португалија и Шпанија

Од:

Под знамињата на најголемиот синдикат во Португалија, десетици илјади луѓе излегоа на улиците во повеќето градови во земјата. Овој пат на мирен протест, тие не можат и не сакаат да ветуваат за нови собирања. Португалците тврдат дека го достигнаа дното на егзистенцијата.

Овде сум за да се борам за моите врсници, за моите родители, за моите баби и дедовци. Сите тие што се целосно ограбени. Ограбени од оваа влада, европските политичари и големите капиталисти. Јас сум тука во име на правдата, образованието и работата, што ја немам, рече еден демонстрант.

Во желбата малку да се пополни празната државна каса, Владата во Лисабон одлучи за целосна распродажба на својот имот.

Тие сакаат да се приватизира еден од двата национални телевизиски канали. Ако се случи тоа, ќе останеме без јавен сервис велат граѓаните.

Протести има и во Шпанија. Се разбира против владата и против непопуларните мерки за штедење , поради кои – тврдат демонстрантите – секогаш страдаат само граѓаните.

Владата мора да одстапи. Причината е едноставна. Ние ги избравме а тие работат само во корист на големиот капитал. Во земјата не постои демократија. Во земјата владеат само парите, се согласуваат луѓето.

Полицијата во Шпанија е на секој чекор. Поучена од Некои лекции од изминатите неколку денови, кога избувнуваа крвави немири, полицијата одлучи да блокира дел од градот каде се
наоѓа парламентот.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации