Масовни протести во Јемен

Од:

Илјадници демонстранти протестираа денеска во Јемен, од кои дел за поддршка на шиитските бунтовници, а дел со барање за отцепување на јужниот дел од државата, по оставките на претседателот и Владата.

Јеменскиот претседател Абед Рабу Мансур Хади и владиниот кабинет вчера поднесоа оставки под притисок на бунтовниците Хуси, кои бараат поголема власт.

Фракција од јужниот дел на земјата, која е против преземањето на власта од страна на шиитите, и чии територии до 1990 година беа посебна држава, го искористи моментот да бара независност.

Во Сана илјадници поддржувачи на Хусите се собраа на патот кон аеродромот, носејќи зелени знамиња и плакати на кои пишува „Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“.

Илјадници луѓе протестираа во јужниот град Аден, развиорувајќи знамиња на некогашен независниот Јужен Јемен над аеродромот и зградата на локалната полиција.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен