Масовни протести во Египет против Морси

Од:

Голем број антивладини демонстранти се собраа на плоштадот Тахир во Каиро, пред зградата на Претседателството на Египет и Министерството за одбрана.

Протести се организирани и во другите египетски градови. Протестите се во организација на движењата Национален либерален фронт (УКЦ) и Тамерод (Востание) и имаат за цел да го принудат претседателот Мохамед Морси да поднесе оставка и да се распишат предвремени избори.

Демонстрантие носат транспаренти против Морси и политичкото движење Муслиманско братство.

Народните комитети, формирани од организациските групи на денешните протести на влезовите од плоштадот вршат контрола да не дојде до мешање меѓу демонстрантите и провокаторите.

Исто така проверуваат дали демонстрантите носат оружје. Во каирското предградие Мединетун-Наср се собраа приврзаниците на Морси.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина