Масовни протести на сунитите во Ирак

Од:

Десетици илјади муслимански сунити денеска протестираат во неколку градови во Ирак против, како што истакнуваат, неправедниот однос кон нив од страна на владата, предводена од шиитите.

Во градовите Фалуџа и Рамада, некогаш силни бунтовнички упоришта, на западот на Ирак, демонстрантите го блокираа главниот автопат што води кон Јордан и Сирија, пренесоа американските медиуми.

Протести се оддржуваат и во градовите Самара и Мосул, на северот на Ирак, како и пред една од главните џамии на сунитите во Багдад.

Во ирачката престолнина безбедносните сили ги блокираа патиштата кои водат од провинциите во кои доминираат сунитите и ги затворија пристапите кон сите блиски сунитски населби.

Сунитите, уште од крајот на декември, излегуваат на масовни протести, барајќи од шиитскиот премиер Нури ал Малики да поднесе оставка, да престанат претресите на нивните подрачја, како и ослободување на затвореници.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак