Масовна тепачка меѓу попови во Грузија, десетина луѓе сосе балкон се урнале од вториот кат

Од:

Десет лица паднале од балкон на вториот кат, откако ескалирала тепачка меѓу свештеници на Грузиската православна црква, во која учествувале и верници, во епархијата Чкондид во градот Мартвили.

Грузиското Министерство за внатрешни работи започна истрага за инцидентот, а беше соопштено дека по инцидентот, вкупно шест лица се примени во болница со повреди.

Според телевизијата, состанокот зад затворени врати, кој го водел новиот митрополит Стефан, прераснал во тепачка, на која претходела кавга меѓу свештенството.

Новиот митрополит на Чкондид и Марвили, владиката Стефан, го суспендираше ракополагањето на двајца ѓакони во првосвештеници, по што избија судири меѓу епархиските власти. Следувала расправија меѓу свештенството и верниците, кои се обидувале насилно да влезат во просторијата каде бил состанокот, по што борбата се префрлила на балконот на вториот кат од зградата. Таму, под притисок, дрвените огради попуштија и се урнаа, а десет лица паднаа. Меѓу нив има новинари и сниматели на грузиски телевизии. Повредените се хоспитализирани и ниту еден од нив не е во животно загрозувачка состојба.

Би можело да ве интересира

Захарова: Поради Зурабишвили, Грузија беше на работ на граѓански конфликт

(ВИДЕО) Илјадници Грузијци протестираа против владата на православниот Бадник

Кавелашвили ја презеде функцијата претседател на Грузија

Илјадници луѓе протестираат во Грузија пред инаугурацијата на новиот претседател

Кобахидзе: Либералниот фашизам нема шанси за победа

Михаил Кавелашвили е избран за претседател на Грузија