Повеќе од илјада полицајци беа вклучени во големата рација на лондонската Метрополитен полиција, за фаќање и апсење на провалници и наркомани.
Во оваа најголема досега операција од ваков вид во британскиот главен град, полицајците упаднаа во 75 станови куќи низ источните и северните делови од Лондон. Досега се уапсени 52 лица, а откриена е и запленета голем дел од украдената стока.
Во соопштението на Метрополен полицијата се вели дека во становите на провалниците и на наркоманите се најдени украдени предмети од најразлична електронска опрема, смарт мобилни телефини, како и многу лаптоп комјутери.
Претставник на полицијата изјави дека заробената украдена стока се проценува на околу 100 илјади фунти. Голем дел од најдените предмети веќе им се вратени на нивните сопственици.
Во големата рација беше вклучен и советот на општината Тауер Хамлетс, позната во Лондон како „проблематична“, кога станува збор за криминалот и криминалното однесување, која не ретко е и самата цел на провалниците.
Меѓу жртвите на провалните кражби најчесто се споменуваат луѓето кои живеат сами, како и постари луѓе.
Главнината од провалните кражби ги извршуваат наркомани и зависници од дрог кои крадат по куќите и становите за да со продавање на украдените предмети може да купуваат дрога.