Масови антивладини протести во Аргентина

Од:

Деситици илјади луѓе учествуваа во масовните антивладин и протести во Аргентина, изразувајќи го незадоволство од политиката што ја води Владата на претседателот Кристина Кирхнер.

Протестите беа организирани против владиниот закон за реформирање на правосудството, со кое ќе им се овозможи на гласачите да избираат кој ќе ги поставува и сменува судиите.

Аргентинската опозиција ја обвинува Владата и претседателката Кирхнер дека со овој законски проект сакаат да извршат политизација на судството и да ја елиминираат независноста на судовите и на судиите.

Демонстрациите, меѓутоа, се претворија и во остри протести против актуелната економска ситуација во земјата, забрзановото осиромашување на луѓето, натамошниот раст на инфлацијата и раширениот криминал. Демонстрантите носеа транспаренти против претседателката Кирхнер и нејзината политика, аргентински и опозициски знамиња,а движејки се низ улиците, удираа со лонци, тенџерија и друга опрема од кујните, создавајќи голема бучава.

Освен во главниот град Буенос Аирес, протести имаше и низ дестици други градови во земјата.

Ова се досега најголеми антивладини демонстрации. Последен пат вакви протести имаше во ноември минатата година, а луѓето од Буенос Аирес и Ривер Плата демонстрираа и по неодамнешните катастрофални поплави во кои загинаа преку 50 луѓе.

Демонстрантите ја обвинија Владата за забавена реакција и за неиспраќање помош за настраданите семејства.

Претседателот Кристина Кирхнер во 2007 година, го наследи на функцијата својот сопруг, Нестор Кирхнер. Во 2011 година таа беше одново избрана за претседател, со мандат до 2015 година.

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ