Масовен протест во Тел Авив: Запрете ја војната, ослободете ги заложниците од Газа

Од:

Илјадници демонстранти излегоа синоќа на улиците на Тел Авив барајќи крај на војната во Газа и ослободување на заложниците.

Израелската влада се соочува со остри критики дома и во странство, вклучително и од некои од нејзините најблиски европски сојузници, поради објавувањето дека војската ќе ја прошири војната.

Безбедносниот кабинет на Израел се согласи да започне нова воена офанзива за целосна контрола врз градот Газа. Целите, според израелската влада, вклучуваат разоружување на Хамас, враќање на заложниците, демилитаризација на Појасот Газа и „израелска безбедносна контрола во Појасот Газа“.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека огромното мнозинство Израелци го поддржуваат прекинувањето на војната за ослободување на преостанатите 50 заложници што ги држат милитантите во Газа. Израелските власти веруваат дека околу 20 заложници се уште се живи.

Повеќето од заложниците што досега се ослободени се вратени благодарение на дипломатските преговори. Преговорите за прекин на огнот, кои можеа да доведат до ослободување на повеќе заложници, пропаднаа во јули.

Во Тел Авив често се одржуваат митинзи на кои се повикува владата да постигне прекин на огнот и договор за заложници со Хамас.

Според организаторите, на вчерашниот протест присуствуваа повеќе од 100.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран

„Њујорк тајмс“: Мосад киднапирал ирански генерали и ги мачел за да ја открие судбината на Рон Арад

(ВИДЕО) Голем протест во Чешка – граѓаните стравуваат за независноста на јавните медиуми

А1он

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа