Масовен протест во Тел Авив: Запрете ја војната, ослободете ги заложниците од Газа

Од:

Илјадници демонстранти излегоа синоќа на улиците на Тел Авив барајќи крај на војната во Газа и ослободување на заложниците.

Израелската влада се соочува со остри критики дома и во странство, вклучително и од некои од нејзините најблиски европски сојузници, поради објавувањето дека војската ќе ја прошири војната.

Безбедносниот кабинет на Израел се согласи да започне нова воена офанзива за целосна контрола врз градот Газа. Целите, според израелската влада, вклучуваат разоружување на Хамас, враќање на заложниците, демилитаризација на Појасот Газа и израелска безбедносна контрола во Појасот Газа“.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека огромното мнозинство Израелци го поддржуваат прекинувањето на војната за ослободување на преостанатите 50 заложници што ги држат милитантите во Газа. Израелските власти веруваат дека околу 20 заложници се уште се живи.

Повеќето од заложниците што досега се ослободени се вратени благодарение на дипломатските преговори. Преговорите за прекин на огнот, кои можеа да доведат до ослободување на повеќе заложници, пропаднаа во јули.

Во Тел Авив често се одржуваат митинзи на кои се повикува владата да постигне прекин на огнот и договор за заложници со Хамас.

Според организаторите, на вчерашниот протест присуствуваа повеќе од 100.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Началник на израелската армија: Ни се заканува колапс на армијата

Медиуми: Венс му се развика на Нетанјаху.. „Му ја продаде приказната на Трамп…“

Мерц за САД и Израел: Некои работи ни се нејасни

Израелската армија е пред колапс: „Немаме доволно војници“

Израел: Целта ни беше срцето на Техеран

Израел се откажa од елиминирање на иранските функционери: „Нема да остане никој за да се разговара“